Десетте приоритети од #Акција21 се принципите кои ќе нѐ водат оваа година, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
-Забрзувајќи ги процесите за европска Северна Македонија, продолжуваме по европскиот пат преку нашата „Акција 21– за европски стандарди дома“, со развојни програми и проекти, за да бидеме спремни да ги започнеме преговорите со ЕУ во секое време. Десетте приоритети од #Акција21 се принципите кои ќе нѐ водат оваа година. Нивното исполнување ќе биде наш мотив да работиме и да продолжиме до крајот на мандатот на оваа Влада со имплементација на европските стандарди во секоја клетка од нашето општество, напиша Заев на ФБ.