Со голема тага ја примив веста за смртта на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Како голем поддржувач на европската идеја, нè поврза силното пријателство во споделување на највисоките европски вредности, напиша денеска премиерот во оставка Зоран Заев на својот фејсбук профил.
Како што наведува, Сасоли се залагал за исполнување на ветувањата за поетокот на преговорите со нашата земја.
-Беше голем пријател на С. Македонија и на нејзиниот народ и се залагаше ЕУ веднаш да ги исполни ветувањата за почеток на преговори со нашата земја. Нека почива во мир, напиша Заев на Фејсбук.