Убеден сум дека само перформансите се реалност и затоа стојам овде пред вас. Се обврзувам дека како премиер со сите министри ќе покажеме уште еднаш и пред себе и пред светот дека можеме уште повеќе и подобро, изјави мандаторот Зоран Заев во експозето пред пратениците во Собранието.

Ова е мала Влада, посочи Заев, што ќе ја предводам и во која членуваат мотивирани и посветени личности, кои ќе работат на остварување на поставените цели во стратешки интерес на државата.

Државата и целиот свет, посочи тој, се наоѓа во ситуација што се заканува на сите сегменти на живеење и со изборот на оваа влада го комплетираме системот што ќе работи за справување со последиците од корона кризата.

– На овие избори имавме историска можност со Беса да ја формираме коалицијата Можеме. Денеска таа програма усогласена и дополнета со нашите коалициони партнери ДУИ и ДПА е преточена во програма за работата на владата 2021 – 2024 година. Нова енергија во остварување економски раст, модерно образование и справување со пандемијата, изјави Заев.

Покажавме, што значи да се спасуваат работни места и да се одржува стабилна економија и во време на пандемија, и ова, посочи Заев, е мотив да продолжиме да работиме да се вратиме на стапките на раст, зошто можеме.

– Се обврзуваме во време на криза минималната плата да ја задржиме на 14.500 денари и да ги помагаме граѓаниете и компаниите. По завршување на кризата Владата ќе се обврзе на 20 до 30 отсто раст на минималната и просечна плата. Наша цел е  20 илјади денари минимална плата до крај на мандатот. Во зависност од траењето на светската криза, се обрзуваме да  оствариме раст од 4 посто, изјави Заев.

Најави отворање разговор и носење со консензус одлука за даночната политика.

– Износот на нето инвестициите ќе бидат една милијарда евра. Нивото на јавни инвестиции ќе порасне на две милијарди, а стрнаските директин инвестиции на над една и пол милијарди. Домашните и странските инвестиции ќе ги поддржиме со 300 милиони евра од буџетот и 300 милиони од странските фондови, изјави Заев.

Ќе продолжоиме, најави Заев, со инвестирање во нови патишта и автопати и железничка инфрастурктура.

– За да го постигнеме ова е важна стабичност и затоа е неопходно да го заврши својот четиригодишен мандат, изајви Заев.

Следува, посочи Заев, реформа на јавната администрација, со цел да даде максимум ефикасни услуги на граѓаните.

– Пандемијата покажа дека дигиталните услуги и дигитализацијата, не само што се потребни, туку се и неопходни. Токму во таа насока и ќе продолжиме. Ќе разгледаме неколку модели за реформи на администрацијата и намалување за 20 проценти со реорганизација, пензионирање и трансфер во приватниот сектор, изјави Заев.

Најави дека следува целосно прочистување на судството и градење правна држава.

– Судиите за кои ќе се докаже дека свесно и намерно застарувале предмети ќе бидат разрешени. Предметите на СЈО ќе мора да добијат разрешница. Воспоставуваме систем за проверка на имот на сите функциониер. Силната заложба во борбата против корупцијата е и новиот министер за борба против корупцијата, изјави Заев.

Откако влеговме во НАТО, нагласи Заев, ќе покажеме дека можеме и во ЕУ.

– Новата Влада е посветена на договорите од Преспа и со Бугарија, кои го овозможија тоа. Ќе продолжиме посветено да работиме на добрососедските односи. Ќе продолжиме и со Охридскиот рамковен договор, кој е основа на меѓуетничкиот соживот. Пред нас е период во кој како држава ќе добиме многу повеќе отколку што ќе дадеме. Се обврзуваме во следните четири години да отвориме 80 проценти од преговарачките поглавја, изјави Заев.

Принципите и вредностите, посочи тој, на кои се заснова оваа програме се европските вредности.

– Целта на Владата е да ја развива култирата во сите сегменти и да ги зајакне институциите. Истовремено, предвидуваме мерки со кои културата ќе придонесе во развојот на економијата и новите бизниси, изјави Заев.

Нагласи дека во следните месеци, веројатно последиците од КОВИД-19 ќе се влошат.

– Нашата земја ќе стори се и веќе сме подготвени со нови пакети и мерки за поддршка на сите граѓани. Сметајте на вашата земја и институции, но и почитувајте ги мерките за лична заштита и на своите најблиски, изјави Заев.

Затоа, посочи тој, продолжуваат инвестициите во здравството и изградба на нов здравствен центар.

– Се обврзуваме на силна и бескомпромисна борба за чист воздух и животна средина. Ќе вложуваме во обновливи извори на енергија. Ќе ги зајакнеме инспекциските служби и ќе ги зголемиме казните. Најважно од се, ќе спроведеме акции во кои секој ќе треба да се вклучи, изјави Заев.

Ова, продолжи тој, се принципите на кои се усогласивме сите во новата коалиција во стратешкиот интерес на државата.

На почетокот на седницата Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, укажа дека во собранието денеска има осум пратеници, на кои местото не им е тука и чии мандатите се нелегитимно усвоени.

Собранискиот спикер Талат Џафери, на ова укажа дека го цитираат Деловникот, само кога им е во прилог, но и дека ќе треба да одговори на граѓаните по член 60 зошто и по два месеци од изборите партиите не ги формираа собраниските комисии и работни тела.

Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ, пред почетокот реагираше дека на доцнењето од еден час, како и дека биле оставени само три дена за разгледување на предлогот за влада, од кои еден е празник.

– Ова доцнење и брзање е резултат на вашето непостапување како претседател на Собрание, а не на нашето, како пратеници, изјави Силјановска.

Џафер, на ова одоговри дека, тој не го пишувал Уставот и дека целината на работата на Собранието е негова надлежност и обврска.