Афионот како дел од македонската традиција се враќа на полињата, објави бившиот премиер Зоран Заев.
– Александар Димитриевски е претприемач, наша успешна приказна и доказ дека работата, идејата и вербата се главен мотив за да се успее во земјоделството. Преку промовирањето на афион културата ги мотивираме земјоделците и го враќаме афионот на листата на значајни стратешки култури, објави Заев на својот профил на Фејсбук.
Заев додека беше премиер се залагаше и за легализација на марихуаната во Македонија.