Лично поддржувам декриминализација и легализација на марихуаната, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Верувам дека во иднина ќе се створи амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе можеме да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку учествуваат во нашиот БДП, рече Заев на денешната прес-конференција за декриминализацијата на марихуаната, која е почната во Собранието.

Според Заев, декриминализацијата на канабисот има позитивен одглас во јавноста.

– Ќе се зголеми угостителството и туризмот во државата. Сите постојни и нови објекти согласно лиценци кои ќе ги добијат ќе можат да услужуваат марихуана и канабис кој може да помогне за развојот на услужната дејност во државата, вели Заев.