Странските инвестиции постојано се зголемуваат и во година на пандемија имаме 12 нови, кои се во фаза на реализација, на потпишување на договори или во фаза на преговори, објави денеска премиерот Зоран Заев.
– Една е инвестицијата на Кромберт и Шуберт, со сосема нов погон, дуплирање на сите капацитети низ територијата на целата држава. Дополнително, Дура, инвестиција поголема од 100 милиони евра, Магна во Струга, Костел со втората инвестиција во државата и многу други странски компании. Разговараме за инвестиции во гасна електрана со Генерал Електрик Инвестмент во Битола, за 800 MW електрана, вредна 400 милиони евра и за ТЕЦ Неготино, за што има заинтересирани повеќе од 50 инвеститори. Заврши и рокот за доставување на понуди за огромниот проект Чебрен. После 11 години неуспешни обиди на претходната власт, сега има 10 понуди. Станува збор за проект вреден меѓу 600 и 800 милиони евра. Сите овие инвестиции се поради поволната политичка клима, идните перспективи, членството во НАТО и пријателството кое е изградено, објави Заев на својот профил на Фејсбук.
Чудесна е нашава Македонија – странските инвестиции на актуелната власт „постојано се зголемуваат“, а бројот на работници кои останаа без работа и без фирми нарасна на 50-тина илјади!?