Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот профил на Фејсбук по повод 57 години од денот на катастрофалниот земјотрес напиша дека 26 јули 1963 година е денот чија зора наместо будење, нов ден и нова надеж за Скопје и скопјани донесе траор, плач, неверување и 1.070 погинати сограѓани.
-57 години после катастрофалниот земјотрес, споменот за настраданите живее, онолку силно колку и споменот за солидарноста со која светот му подаде рака на Скопје. Вечна им слава на жртвите на овој тажен ден, напиша Заев.
Скопје, како што пишува лидерот на СДСМ, се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото.
-Да бидеме горди на ова наше Скопје, нека ни биде водилка и потсетник да продолжиме да градиме заедништво и солидарност, пишува во објавата на Заев.