Почитувани, со оглед на фактот што стигна пресудата од Апелација после повеќе од 2 години и 5 месеци од кога поднесовме жалби против пресудата на #Кацарска ќе почнеме дел по дел да ви изнесуваме факти и докази за она што ни го прават, како не местат, како без докази си пишуваат што сакаат во пресудите. Со оглед дека пресудите се во името на граѓаните, граѓаните треба да ја знаат вистината, фактите и доказите.
– На првата слика е извештајот направен на 28.04.2017 година во болницата Филип Втори каде што се констатирани повреди на лицето Зоран Заев и тоа:
– потрес на ГЛАВА
– лацерација на ГЛАВА
– хематом на ГЛАВА
Констатирани се ТРИ повреди на ГЛАВА и според извештајот кој е ДОКАЗ во судската постапка, нема КОНСТАТИРАНО ПОВРЕДА НА СТОМАКОТ како што пишува во пресудата.
– Во својот исказ пред ОЈО и пред СУД лицето Зоран Заев објаснува каде бил удиран и тоа:
– 10 удари со метални или дрвени предмети повеќе од нив беа во главата
– ОСТАНАТИОТ ДЕЛ БЕА ПО РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ.
– На прашање на Кацарска, ДАЛИ ПРЕПОЗНАВАТЕ НЕКОЈ ВО СУДНИЦАТА ШТО ВЕ УДРИЛ?
– ЗОРАН ЗАЕВ: НЕ, ВО СУДНИЦАТА не можам да препознаам ниту еден од тие што ме удрија.
– Кој е тој што му ги нанел повредите на главата на Зоран Заев?
Откри ли ОЈО , СУДОТ, МВР????
– ЗОРАН ЗАЕВ за кој ШТО ОЈО И СУДОТ тврди дека Јане Ченто го удрил во стомакот ни самиот ниту на суд ниту во ОЈО НЕ КАЖУВА ДЕКА Е УДРЕН ВО СТОМАКОТ од Јане Ченто
– СУДОТ самиот во пресудата во делот на повредите на Зоран Заев КОНСТАТИРА она што е од медицинскиот извештај а тоа е:
– потрес на ГЛАВА
– лацерација на ГЛАВА
– хематом на ГЛАВА
-ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА-
– И доаѓаме до МЕСТЕНКАТА во пресудата која што е копи паст, односно иста како што ја напиша #Кацарска дека, ЈАНЕ ЧЕНТО СО НОГА ГО УДРИЛ ВО СТОМАКОТ ЗОРАН ЗАЕВ!
*кликни на сликата за да се отвори цела*
– Ако е така, зошто во медицинскиот извештај не стои повреда на абдоменален дел или стомакот?
– Ако е така зошто САМИОТ ЗОРАН ЗАЕВ тврди дека е удиран по главата нозете и рацете и не спомнува дека е удрен во стомак?
– Почитувани граѓани, овие факти докази беа кажани и на суд, меѓутоа судот таков каков што е и сами знаете дека не гледа ни докази ни факти туку си суди тоа што им е кажано.
– ЗАТОА ПРЕСУДИТЕ И НА КАЦАРСКА А И ОВАА НА АПЕЛАЦИЈА ЌЕ БИДАТ ОБЈАВУВАНИ ДЕЛ ПО ДЕЛ ЈАВНО И ЌЕ СЕ ПРАВИ КОМПАРАЦИЈА НА ОНА ШТО Е ПИШУВАНО ВО ПРЕСУДИТЕ И ОНА ШТО Е ФАКТИЧКА СОСТОЈБА!
– Да ги видите фактите и доказите од страна на одбраната, да видите како се манипулира со доказите.
– Тие знаат дека нема никој граѓанин да седне и да анализира факти и докази и затоа пишуваат што сакаат, ама затоа одбраната е тука за да ви ги селектира деловите кои вие како граѓани имате право да ја знаете вистината.
– Битката продолжува на Врховен суд, ние не се предаваме да ја докажеме нашата вистина низ институциите бидејќи народот ја знае вистината а таа е дека сме наместени да бидеме жртвени јагниња за нечии политички игри.
-Дали судот најде кој му ги направи повредите на Зоран Заев по главата, рацете и нозете како што тврди тој?
– Дали вие како јавност знаете кој го повреди Зоран Заев?
Запрашајте се тоа!

ФБ ПРОФИЛ „СЛОБОДА ЗА ЈАНЕ ЧЕНТО“