Јас ќе ја водам кампањата и јас ќе бидам кандидат за премиер, изјави денеска Зоран Заев за претстојните парламентарни избори во април следната година.
-Јас ќе ја водам кампањата, јас ќе бидам кандидат за премиер, но за тоа ќе треба да одлучат органите на партијата и коалицијата. Јас сум радосен што ќе и се посветам на партијата. Ќе се посветам за да се понудам уште еднаш на граѓаните. Јас барам нов, чист, цел мандат за да продолжиме. Сега топката е кај граѓаните и тие ќе ја дадат насоката по која треба да се движиме. СДСМ ќе излезе со модернизарен тим и модернизирана програма, рече Заев.
На прашањето дали Оливер Спасовски ќе биде новиот технички премир, Заев рече дека на ова ќе може да одговори на крајот од декември.
– Јас би го повлекол Оливер Спасовски во партијата заедно со генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски за да ја истрчаме кампањата. Спасовски бил секретар и има искуство, но истовремено треба да внимаваме и на државните работи за првите тимови на одговорност, рече Заев.
Посочи дека немаат ниту причина, ниту право, ниту обврска брзо да одлучуваат. – Крајот на декември ќе ја донесеме одлуката на координација во СДСМ, а потоа и со партнерите од коалицијата, кој ќе биде технички премиер, кој ќе биде дополнителни заменици министри во внатрешни и труд и социјална политика, а опозицијата ќе си одлучи за своите места, истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање по официјалното означување на почетокот на изградба на фабриката на германската компанија „Герешајмер“.