По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите со ЕУ сега и веднаш. Подготвени сме за тоа политички и институционално. Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти, високо ниво на разочарување кај граѓаните и кај сите кои го поддржаа спроведувањето на Договорот од Преспа, порача премиерот Зоран Заев на зедничката прес-конференција во Брисел со еврокомесарот за проширување Јохаен Хан.
– Во јуни добивме порака дека Северна Македонија исполни се, но поради календарски услогласувања на земјите членки на ЕУ добрата вест за старт на преговорите ќе ни пристигне во октомври. Октомври дојде и ние сме во Брисел, ја очекуваме заслужената вест за одлука за преговори за нашата стратешка цел членство во ЕУ, истакна Заев.
Разбираме, посочи премиерот, дека некои членки имаат потреба да отворат дебата за нова методологија за преговорите, но двата прецеса можат да одат паралелно.
– Тоа не пречи да добиеме одлука за преговори сега и веднаш. Ни треба позитивна одлука сега и веднаш. Тоа значи за нас нов процес упорна работа. По 10-те препораки на ЕУ, оптимистичките заклучоци на Советот на ЕУ во 2018 и 2019 и сите наши резултати и реформи, по се што направивмее убедени сме дека треба да почнеме со преговорите, рече Заев.
Потсети дека спроеведувањето на Преспанскиот договор е поврзано со отворањето на поглавјата за ЕУ.
– Сакам добронамерно да предупредам дека ако не се испорача очекувана заслужена позитивна одлука за преговори, кредибилитетот на ЕУ и довербата на нашите граѓани може да бидат ставени под знак прашање. Тоа ќе ги засили регресивните сили во земјата и интересот на трети страни во регионот. Затоа лидери на ЕУ не ги гаснете светлечките ѕвезди кон кои се стремиме, немојте да станувате наша пречка, бидете нашите херои, порача Заев.
Тој упати порака и до граѓаните во земјава, псоочувајќи оти постигнатите реформи и промените кои се направени никој не може да ги одземе и оти од оваа неизвесност ќе излеземе посилни и поискусни.
– Стануваме членка на НАТО, што беше наша стратешка цел од независноста до денес. Тоа не носи неповратно напред, стабилни и безбедни во сојуз со најмоќните. Во исто време ќе продолжиме да бидеме пример и мотивација за позитивна промена во регионот. Јасно е дека Балканот се промени и дека станува извор на стабилност. ЕУ добро го знае тоа и мора да прифати дека и Балканот е европски. Остануваме посветени и со работа докажуваме каде ни е местото. Тоа е добро за нас, за регионот и за самите ЕУ, кажа Заев.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, од своја страна, уште еднаш ги повика лидерите кои ќе се состанат утре во Брисел да покажат токму лидерство по ова прашање.
– Ги кажавте вашите очекувања од лидерите, да го ставиме фокусот на зборот лидер, очекуваме лидерство. Ако ги погледнете политичките достигнувања во последните две години, речиси ниедна земја во Европа не изодила толкав пат, со толку болни реформи и мерки, изјави Хан.
Тој додаде дека граѓаните на земјата ја заслужуваат оваа перспектива за да може да се подобри стандардот на живеење и да се намали емиграцијата, посебно на младите.
Хан ја пофали и атмосферата на соработка во Собранието и ја призна улогата одиграна од сите чинители на европскиот пат на Северна Македонија и потсети дека огромното мнозинство земји членки на ЕУ „не бара ништо друго освен да се даде зелено светло за да почнат да се подготвуваат преговорите“.
Комесарот, како и премиерот, се согласни со францускиот претседател дека е потребна внатрешна реформа во ЕУ и подобрување на преговарачкиот пристап, но додаде и дека нема никаква причина процесите да не одат паралелно. Хан притоа го потсети Емануел Макрон на неговата изјава дадена во Белград пред неколку месеци дека двата процеса можат да одат рака под рака.
МИА