Зоран Заев во вечерашниот ТВ дуел на Канал 5 со Мицкоски истакна дека СДСМ на претстојните локални избори е убедлив фаворит, победник, затоа што ја има најдобрата понуда, составена од најдобри кандидати за градоначалници и советници.
„Ние ќе победиме во вкупен број на освоени градоначалници, вкупен број на советници, вкупен број на гласови и ќе победиме во Град Скопје. Нашите аргументации се досега реализираните проекти и нашата визија за иднината“ порача Заев додавајќи дека анкетите го покажуваат она што ќе се случи и на изборите, а тоа е победа на СДСМ и Коалицијата.
„Настапуваме со најбројна коалиција од 22 политички партии, тоа е коалиција за иднината, затоа што овие избори ќе го покажат патот кон подобра иднина, за општините и за државата“ заклучи Заев.