Премиерот Зоран Заев денеска од Кавадарци најави лидерска средба, одговарајќи на новинарско прашање дали лидерите ќе се сретнат во врска со СЈО, како што побара ВМРО-ДПМНЕ.
– Секако, време е да оддржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, претстојните претседателски избори кои доааѓат. И трето, вредно е да се разговара за било кое отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот. Дијалогот е од помош за нашата земја, за сите отворени прашања. Верувам дека во најскоро време ќе се одржи лидерската средба, како одговара и за шефот на опозицијата. Заедно ќе се прилагодиме, за да можеме да ја одржиме таа лидерска средба, нагласи Заев.
Тој заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев беше во посета на комбинатот Еуро никел, поранешно Фени.