Во моментов се градат 189 километри автопати, експресни и магистрални и регионални патишта, изјави денеска во Собранието, премиерот Зоран Заев
Тој рече дека 840 милиони евра се инвестираат во 400 километри патишта во државата.
– Во моментов се градат 189 километри автопати, експресни и магистрални и регионални патишта или 610 милиони евра се инвестициите во автопатиштата, 168 милиони евра во експресни патишта и 12 милиони евра во магистрални и регионални патишта. 59 километри автопати се градат во државата, 110 километри експресни патишта и 20 километри магистрални и регионални патишта. Дополнително се рехабилитираат 208 километри автопати, експресни и регионални патишта, во вкупна предност од 42 милиона евра, рече Заев.
Тој додаде дека се работи и на гасификацијата.
– Гасификацијата се гради со одлично темпо. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен и кон Тетово и Гостивар, веруваме дека следната година можеме да почнеме од Гостивар кон Кичево, со конечна цел да стигнеме до Охрид, Струга и преку Ресен да го заокружиме прстенот. Гасоводната мрежа има пазарна вредност сега, со тоа што државата е 100 проценти сопственик, повеќе од пола милијарда евра. Тоа е национален гасовод на граѓаните на нашата држава, рече Заев.
Тоа е тоа што власта сака да го слушнат граѓаните, а во реалноста нема ни метар изграден пат од автопатот кон Косово, ниту пак на другите автопати кои ги почна и изгради претходната власт односно „режимот на Груевски“.
Од претходниот мандат на Заев, како премиер, во врска со автопатите остана запаметен само легендарниот чочек за автопатот што го изгради „режимот на Груевски“ за свечено да го пушти актуелната власт.