Кон крајот на овој месец или почетокот на следниот ќе се направаат анализи во врска со потребата за ребаланс на буџетот и таа одлука ќе се носи паралелно со референдумската кампања.
Ова го посочи денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата со министрите од сферата на економијата, на која ги презентираа економските достигнувања во земјава.
Министерот за финансии Драган Тевдовски неодамна изјави дека нема да има ребаланс на буџетот, ликвидноста во државната каса е одлична и нема потреба од прекројување. Но, сепак анализи се прават, и доколку има потреба би можело да има корекции.
– Буџетот има стабилни перформанси, потенцира денеска Заев, нагласувајќи дека единствена слаба карика е реализацијата на капиталните инвестиции.
Формиран е специјален комитет за инфраструктурен развој на државата и градежништво, во кој учествува секој ресор во државата, во кој има капитални инвестиции, предвидени во буџетот и во јавните претпријатија, кои не се составен дел од буџетот.
– Уверени сме дека ќе има раст на капиталните инвестиции. На крајот на крајот на годината се реализираат најголемите капитални инвестиции. На почетокот на годината се создава проектна документација, се решаваат имотно-правните односи, се спроведуваат тендереските постапки за реализацијата да дојде во втората половина на годината. Видливо ќе се зголеми севкупниот инвестициски дел на капиталните инвестиции, нагласи премиерот.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески потсети дека во петокот во Собранието е одбрен анекс договорот за автопатот Кичево -Охрид, со што настанува ослоподување на 205 милиони евра, кои ќе бидат искористени во инентивирање на изградбата на автопатот. Најавено е дека во октомври ќе има и нов анекс, со кој точно ќе се соопшти сумата за дополнителните средства за доизградба на тој автопат. Се очекува дека во брзо време ќе биде завршен и автопатот Миладиновци-Штип.
Во врска со железницата кон Бугарија, Сугарески потсети дека Владата донела анекс за првата делницата од Куманово до Бељаковце, со што ќе се интензивира израдбата на таа делница во рок од 18 месеци и тука се очекува зголемување во делот на градежништвото.
Сугарески ја спомена и гасификацијата, потсетувајќи на дебатта со екологистите кои се водеше на таа тема.
– Во понеделникот имавме дебата со екологистите. Јавно ги изнесовме сите аргументи зошто треба да продолжи изградбата на гасоводот кон Тетово и Гостивар со сите аргументи и во делот на финансиските средства кои би биле потребни за менување на некаква траса и во делот на ерозивнито земјиште и сечата. Очекуваме интензивирање на изградбата таму и зголемување на капиталните инвестиции. Со самото работење на таа траса конкретно во ресорот транспорт и врски ќе се зголеми делот на капиталните инвестиции, истакна Сугарески.