Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера при прошетката со домаќинот Зоран Заев се потсети дека како млад доаѓал во Скопје и рече дека градот е многу сменет.
– Не паметам кога последен пат сум бил овде. Кога бев млад. Но, многу е сменето оттогаш. Супер е. Сега не се сеќавам, ама знам дека одев во некоја „Тропикана“. Сега немам поим ниту каде е, ниту би се снашол овде, рече Вучиќ.
Новинарката од ТВ Пинк, која вршеше директен пренос од прошетката, го праша Заев „каде се наоѓа кафулето кое го споменува српскиот претседател“, на што Заев одговара дека не знае.
– Не знам каде е. Јас сум од Струмица и не го познавам баш многу добро Скопје. Ама не е во центарот на градот, сигурно, одговори на српски Заев.