Зоран Заев денеска по судското рочиште за клевата со Александар Николоски за „Рекет“, беше прашан и за пишувањата на дел од медиумите дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13 може да се кандидира за претседател на СДСМ.
Вели дека постојат повеќе пречки зошто Боки 13 не може да стане претседател на неговата партија.
–Прво треба да се направи реевиденција да биде член, после тоа да има најмалку пет години членство во партијата на СДСМ и може да се собере членство на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе застане позади Бојан Јовановски, автоматски да направат пресврт во власта која што ја најавува. Секако сето тоа една сатира, денеска е петок, крајот од работниот дел од неделата доаѓа викенд, Бојан Јовановски е таков каков што е, го знаеме сите во државата, жалам што наседнале луѓе на неговиот карактер, но истовремено, преку постапки и процеси се утврди дека правосудниот систем во државата функционира, дека и политичарите може да пријават ваков случај и секој да си поднесе одговорнот кој што е вовлечен во криминални дејства, рече Заев.