Зоран Заев по средбата со Христијан Мицкоски рече дека предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за новиот технички министер за внатрешни работи треба да се провери од уставен аспект, бидејќи станувало збор за воено лице, а со полицијата и одбраната треба да раководи цивилно лице.
„Имаме за предлог воено лице, каде Уставот вели дека со одбраната и со полицијата раководи цивилно лице. Немаме предрасуди, тоа е право на опозицијата, а ова име прв пат го слушнав. Уставот треба да важат во оваа земја. Затоа имаме уште неколку денови, и нашите советници се на отворени линии да го искрастилизираме самиот предлог, да не дојдеме до ситуација да биде противуставен предлог“, изјави Заев.
-Го отворивме прашањето за една изборна единица, сакам да ги консултирам малите партии. Предлогот ќе биде во Собрание се до 12 февруари до распуштањето. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа веднаш по изборите се подготовени да разговараат на ова прашање, јас сакам да го разговарам со помалите политички партии бидејќи тие се иницијатори, а ние само го поддржуваме – рече Заев.