Рашкоски во 2018-та година развил и патентирал софтвер за сообраќајни казни за две години подоцна да го купи како генерален секретар, пишуваат портали блиски до Владата како 360 степени. Системот за кој Владата на фирмата “Инвока груп” и платила 81 илјада евра е под името “Софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекувaње на казни”, име кое е речиси идентично со тој на Рашковски, проект за кој минатата година добил и награди во Русија и Кипар.
За ова Рашковски се огласи на неговиот Фејсбук профил. Тој демантира дека го патентирал овој софтвер, пренесува Канал 5.
„Не сум патентирал никаков софтвер. Во Македонија не е можно да патентираш софтвер, туку само идеја – постапка. Категорично демантирам и отфрлам каква било поврзаност или корелација меѓу моите патентирани идеи со набавките кои Генералниот секретаријат на Владата ги има реализирано во времето кога јас бев Генерален секретар.” – Напиша Рашковски.
Овој случај од вчера ја разбранува јавноста, а Антикорупциската комисија утринава отворила и предмет. За претседателката Билјана Ивановска најспорно е тоа што овој софтвер воопшто не го користи ниту МВР, ниту друга институција.
-Сметаме дека има доволно елементи за истражување на причините за набавка на тој софтвер и зошто тој уште не е во функција. Она што беше ризично од наш аспект е несоодветната комунијација меѓу институциите и едноставно отстуството на системски пристап за утврдување на потребите.” нагласи Ивановска.
Премиерот Заев пак тврди дека софтверот за сообраќајни прекршоци бил купен со причина и оти за тоа постоела комуникациај меѓу МВР и Генералнито секретаријат, а тоа преку документи Владата деновиве ќе и го презентирала и на јавноста.
-Има причинско правни последици зошто е тоа правено со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтвер кој може да се употребува во МВР. Постои писмена комуникација меѓу двете институции Генерален секретаријат и МВР, спроведен е тендер со проектирани осум милиони денари, падната е цената на некои пет милиони денари заради наддавањето учествуваат компании кои се капацитетни од Македонија и самиот сфтвер има конечна цел употребна вредност на улиците. Се работи за објект кој што снима 360 степени со казните благодарение на претходни длабински анализи каков да биде. Деновиве ќе ги објавиме сите детали, Ова е прачвено со причина не ни текнало само така на нас Владата ќе правела софтвер. Ако не го користа можеби во идниниа ќе го користат јас не ги знам деталите оставам на службите знам дека е правено со прилчина зошто би правеле софтвер ако нема причина Убеден сум дека самиот софтвер изнаоѓа практична примена во безбедноста на сообраќајот, изјави Заев.