Оваа афера е сигурно една од најголемите што се случила од осамостојување на Македонија. Власта сака да ја минимизира да ја сведе во рамки на некаква корупциска афера на оние кои работат на системот на издавање на патни исправи, а тоа не е така, рече професор Воислав Зафировски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ со Љупчо Цветановски.

Токму затоа граѓаните треба да ја знаат постапката.

„За да добиете патна исправа треба да имате лична карта која се добива на основ на извод, кога се вади лична карта секој остава отпечаток и тој велгува во системот и вие сте регистриран граѓанин. Секое барање за да се добие патна исправа и оној што има граѓански статус може да бара патна исправа и кога граѓанинот оди на шалтер остава повторно отпечаток. Системот е така креиран што ако не се согласуваат подоатоците системот ве исфрла. И тоа шалтерски работник не може да среди. Значи линијата е друга“, вели Зафировски .

Според него за да се добие документ мора да се има украден индентитет од некого, што кажува дека аферата е многу поголема.

„Значи за сето ова службеник не може ништо да направи, аферата е мега скандал. Во изминативе години кадри на ДУИ ги водат овие служби“, рече Зафировски додавајќи:

Сега институциите треба да покажат колку се сериозни. Неопходно е Јавното обвинителство со полицијата да покажат дека работат, за да не ја загубиме визната либерализација.

Според него ЕУ не ги сака криминалците, а Македонија и ги праќа. „Затоа институциите се на потег, а надлежните да си понесат одговорност. Ако нашите институции одат до крај ЕУ нема да ја повлече визната либералзиација, во спротивно ќе биде сосема поинаку“, рече Зафировски.

Зафировски ја коментираше и акцијата во која беа разбиена група на нарко дилери.

„Американската ДЕА доаѓа за се справи со ваков случај, значи дека државата нема капацитет. Нашите институции значи или се нефункционилани или не може да дејстуваат како што налагаат законите“, кажа Зафировски додавајќи дека спрегата меѓу СДСМ и криминалот е јасна.