Загаденоста на воздухот повторно е на многу високо ниво. Нивото на канцерогени ПМ 10 честички оди и до 7 пати над дозволеното. Загадениот воздух е голем проблем за граѓаните, а болниците се преполни со луѓе со срцеви и белодробни проблеми.
Граѓаните револтирани од власта, која ветуваше почист воздух, но две години потоа нема ништо од ветеното, а загаденоста е дури и поголема.