Сопственик на интернет портал, Саше Политика и неговата сопруга меѓусебно се пријавиле за семејно насилство кое се случило средата во вечерните часови.

Првата пријава во полиција била од сопственикот на порталот С.И. кој кажал дека сопругата го нападнала со нож, неколку часа подоцна се јавила и неговата сопруга која го пријавила С.И. дека физички ја нападнал употребувајќи нож.

„На 16.01.2019 година во СВР-Скопје околу 23,07 часот С.И.(38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нож, во стан во Скопје. На 17.01.2019 околу 02 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.