СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Т.(25) и друго непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторени 12 кривични дела од кои шест „тешки кражби”, три ,,тешка кражба во обид”, две „кражби“ и една „кражба во обид“.

Во периодот од 4 јули до 15 август лани, пријавените влегле во повеќе станови во Охрид и одзеле разни предмети со што се стекналe со противправна имотна корист од 686.410 денари.

Во пoлициската станица во Кочани вчера поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, лишени од слобода се С.П.(26), Д.М.(28) и М.А.(35).

При претрес кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 14:45 часот во полициската станица во Тетово, 20-годишна девојка од тетовско село пријавила дека Д.С.(22) од село Камењане ја уценувал и барал пари, а доколку одбие, ќе објавел нејзини фотографии и снимки со компромитирачка содржина.

По преземени мерки, Д.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно расчистување на случајот.

В.Т(59) од ресенското село Долна Бела Црква пријавил дека бил измамен од В.Т од струмичкото село Бориово.

Според пријавата, во декември лани, В.Т отишол во селото Долна-Бела Црква со цел да откупи јаболка. Се договориле да откупи вкупно 19.000 килограми за сума од 329.590 денари, но до денес не му ги исплатил парите.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(23) од село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 17 октомври лани околу 11:45 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на лицата и патничкото возило со американски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 16 јануари во СВР-Скопје околу 23:07 часот, С.И.(38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нож во стан во Скопје.

Вчера околу 02 часот, М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 14 часот во полициската станица Гази Баба, од јавната установа „Ранка Милановиќ“ било пријавено дека на 16 јануари од установата самоволно се оддалечил нивен 17- годишен штитеник.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера околу 06:30 часот било пријавено дека во кичевското село Другово настанал пожар во куќата на Е.А.(58).

Во пожарот целосно изгорел горниот кат од куќата. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.

Вчера во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Психијатриската болница во Скопје настанал пожар, при што била опожарена котларата за парно греење.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Извршен бил увид.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Р.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’.

Пријавениот, како купувач, пред нотар склучил договор за купопродажба на патничко возило „сеат алтеа’’ од А.И.(26) од Тетово, како продавач. Притоа, се договориле на А.И. да му исплати 246.000 денари. После тоа, Н.Р. истото возило го продал на друго лице, но парите не му ги исплатил на А.И.

Вчера во 23:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во колонијална продавница на улица „Јабланица“ во населбата Пинтија, сопственост на Г.М.(51) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен увид.

Околу 21:30 часот вчера полициски службеници го привеле Л.Р.(27) од Скопје поради физички напад врз С.И.(26) од Скопје на улицата „Скупи“ во Скопје.

Против Л.Р. е поднесен соодветен поднесок

Вчера во 11:50 часот во полициската станица Центар, Д.Б.(26) од Скопје пријавил дека на 12 јануари година околу 14 часот во автобус на ЈСП Скопје на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бил физички нападнат од непознато лице.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 19:50 часот на улицата „Вера Јоциќ“ во Скопје, В.Т. (55) од Скопје агресивно се однесувал кон полициски службеник при извршување работни задачи од областа на јавниот ред и мир.

Лицето било приведено во полициска станица.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.М.(21) поради постоење основи на сомнение дека на 07.10.2018 година околу 03:50 часот на улица „11-ти Ноември“ во Куманово со закана со нож физички ја нападнал и се обидел да изврши обљуба врз М.А.(35) од Куманово, но не успеал во тоа.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(36) од Богданци, Н.А.(32) и Г.Т.(49), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 30 април првопријавениот на второпријавениот му продал околу 150 грама марихуана, при што бил присутен и третопријавениот, кој ја договорил средбата. По преземени мерки, на улицата „Дисанска“ во Кавадарци, второ и третопријавениот биле пресретнати од полициски службеници. бак/