Охрид денеска попладне е најзагаден град во Македонија и во „црвен круг“ според загадувањето на воздухот со ПМ 10 честички, покажуваат мерните станици во Македонија.
Интересно е тоа што секогаш најчистото Лазарополе денеска заедно со Охрид и Кичево е меѓу трите најзагадени места во Македонија. Позагадено и од Скопје и од Битола и од повеќе други градови и места кои во текот на годината се високо на листата на загадени.
Во графиката што ја објавуваме може да ја погледнете состојбата на воздухот со ПМ 10 честички и во останатите места во Македонија.
Фото: Архива