Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, локално поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер (60 km/h) од југозападен правец.

Во Скопје претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, во делови од котлината со услови за појава на ретки грмежи. Попладне сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Од петок пак, следува период на сончево и топло време со пораст на температурата, информираат од УХМР.