Шокантна вест доаѓа од Шпанија каде што угледната Марка објави дека загинал фудбалерот Хозе Антонио Рејес.
Оваа вест го шокираш фудбалскиот свет и многумина не можеа да поверуваат во точноста на информацијата. Но за жал „Марка“ ја потврди веста дека е вистина.
Според првите информации кои се објавени, Рејес загинал во сообраќајна несреќа која се случила на излезот од родниот град на фудбалерот.
Рејес потекна од дресот на Севиља, аво својата кариера играше и за Арсенал, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Бенфика, Еспањол, Кордоба, а моментално беше член на нисколигашот Ектрамадур.
Својот живот поранешниот репрезентативец на Шпанија го заврши на 35 години.