За интересот на италијанскиот гигант Интер кон босанскиот напаѓач на Рома, Един Џеко се знае одамна, но клубот од Милано се фокусирал и кон уште еден од најважните играчи на „волците“.

Новиот тренер на „нероазурите“, Антонио Конте сака да го види на „Џузепе Меаца“ не само 33-годишниот Џеко, но и ветеранот Александар Коларов. Српскиот лев бек, кој исто така е на 33 години, има долгогодишно искуство, лидерски квалитети, универзалност и е многу добар изведувач на директни слободни удари. Во прилог на ова, Коларов е близок со Џеко, чиј трансфер во гигантот од Милано изгледа се поверојатен.

Според „FCInterNews.it“, Џеко веќе се договорил со „нероазурите“, откако ја прифатил нивната понуда – договор за 3 сезони со годишна плата од 4,5 милиони евра. Проблемот за финализирање на трансакцијата доаѓа од цената што ја бараат Рома. Римјани инсистираат на 20 милиони евра, додека од Интер во моментов сакаат да понудат 10-12 милиони евра. Рома го привлекоа Бошњакот од Манчестер Сити во 2015 година, а во сезоната 2018/19 година, Џеко забележа 14 гола и 11 асистенции во 40 натпревари на сите турнири.

Во Интер веќе игра друга поранешна ѕвезда на Рома – белгискиот играч од средниот ред, Раџа Наинголан. „Нинџата“ минатото лето беше привлечен од „сино-црните“ во договор што го испрати младиот талент Николо Ѕаниоло во Рим.

Коларов запиша 33 натпревари и 8 гола во Серија „А“ во сезоната 2018/19. Србинот е дел од составот на Рома од летото 2017 година. „Џалоросите“ го купија од Манчестер Сити, каде Коларов играше 6 сезони. Претходно, тој три години го носеше и дресот на големиот непријател на тимот – Лацио.