Раководството на Милан води преговари за своето учество во Лигата на Европа оваа сезона со УЕФА, пренесе „Кориере Дело Спорт“.

„Росонерите“ се подготвени да се откажат од европскиот клубски турнир оваа сезона за да ги исчистат своите обврски кон УЕФА за периодот 2015-18.

За оваа одлука на Милан се зборуваше уште пред крајот на сезоната. Потоа „росонерите“ се бореа за топ 4 и Лигата на шампионите, но нивното учество во вториот најпрестижен европски клубски турнир, исто така, нема да се одржи.

Ако УЕФА одлучи да го извади Милан од европските турнири за сезоната 2019/20, тогаш местото на италијанскиот гигант ќе го заземе Торино.