Мила ЦАРОВСКА

Пред 20 години во Охрид, беа ставени потписите за соживот и почитување на различностите, но и за тоа дека како држава
сме способни да изградиме демократско и слободно општество во кое има место за секој.
Денеска 20 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор заеднички ги живееме придобивките од договорот и продолжуваме да го градиме и јакнеме нашето мултикултурно, мултиетничко и општество кое ја почитува и негува еднаквоста.

Ова е објавата на социологот Мила Царовска позната како делач на презервативи и актуелен реформатор на образованието во „Северна“. Логично, ако потписите во Охрид биле ставени за соживот и почитување на различностите, тогаш само по себе се наметнува дека 80-те загинати бранители, стотината ранети, киднапираните од Непроштено чија судбина и денеска не е обедлодената, како и мавровските работници на чиј грб терористите резбаа букви, биле против различностите и против соживот! Нели?