Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева го праша вчера премиерот Кирил Петков дали има намера да го смени постоечкиот национален став во однос на европската интеграција на Република Северна Македонија и да го замени со нешто друго. Му рекла и ако да, дали се координирал со коалиционите партнери и кога ќе ги информира бугарските граѓани.
Причина за ова прашање е, како што вели Захариева, интервјуто со премиерот, во кое тој најавува нов процес за РСМ, многу брз, со ограничена временска рамка од само 6 месеци.
„Посакувам наместо господинот Кирил Петков да оди во Скопје, тој да го покани во Софија новиот премиер на Северна Македонија, како и кај нас, нивниот претседател, кој веќе две години не најде време во својата програма да ја прифати поканата од наша страна, вели Захариева објаснувајќи што му рекла на Петков во парламентот.
Вели дека му објаснила на премиерот дека Министерството за надворешни работи на Бугарија му предложило на Скопје на почетокот на минатата година да се формираат заеднички работни групи по сектори, за што тој сега зборува.
„Го замолив да не го урива националниот консензус кој досега го поддржуваа сите политички сили и да не учиме од медиумите за плановите на бугарската влада на оваа важна тема, вели Захариева.