Поренешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, го обвинува Кабинетот на премиерот Кирил Петков за водење двојна надворешна политика, а притоа МНР било исклучено од разговорите меѓу премиерот и неговите колеги од Македонија.
– Очигледно, Кирил Петков, се заложил да го тргне ветото без да бидат исполнети обврските, изјави за националната бугарска телевизија БНТ Захариева која сега е пратеничката на ГЕРБ на Бојко Борисов.
На прашањето дали како министерка направила се’ за да го објасни ставот на Софија во спорот со Скопје, Захариева одговори потврдно.
– Жал ми е што некои од бугарските политичари се фаќаат за пропагандата на РСМ. Бугарија не можеше да објасни – напротив! Не треба да личиме на ситен историски реваншист. Тие тоа го сакаат. Проблемот не е само во апсолутно „скришно“ читање на историјата, проблемот е што создава омраза кон соседна земја и земја која претендира да биде членка на ЕУ во 21 век, а не ги почитува нормалните човекови права, рече Захариева.
Бугарија мора да зборува во ист глас со своите европски партнери, често повикуваше премиерот, потсети Захариева и ја повика владата прво да научи да зборува со еден глас во коалицијата.