Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова остро одговори на тврдењата на американскиот претседател, Џо Бајден.
Кремљ ги отфрли обвинувањата за ликвидирање на цивили, по што реагираше остро откако Бајден кажа дека Владимир Путин е воен злосторник и мора да одговара.
– Бајден повикува на судење за воени злосторства. Одлична идеја, ајде да почнеме со бомбардирање на Југославија и окупација на Ирак. Во Сребреница уште можат да се најдат главните режисери на ова сценарио. И секако, трговијата со органи на Косово под водство на Американци. Штом завршат, можат веднаш да ја бомбардираат Јапонија со нуклеарки, рече Зарахова, посочувајќи ги акциите од минатото на САД.