Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека припадници на невладината организација Бели шлемови во Сирија се поврзани со терористите.
– Ние знаеме и имаме информација дека членови на Белите шлемови имаат блиски врски со терористичките групи во Сирија. Тоа е потврдено во извештаите на независните новинари, истакна Захарова.
Таа додаде оти таквата информација не е објавена во западните земји бидејќи „едноставно не одговара на концептот дека Асад мора да си оди“.