Состојбата во сириската провиција Идлиб забрзано се влошува и покрај напорите на Русија и Турција за воспоставуваање зона на деескалација во таа област, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа нагласи дека состојбата во реонот на Идлиб ескалира откако борците на бунтовничкиот исламистички Фронт Ал Нусра презеле „речиси целосна контрола“ врз областа.
– Континуираните провокации претставуваат закана за цивилите, за сирискиот воен персонал и за руската воздухопловна база „Хмејмим“, истакна Захарова.