Британското регулаторно тело треба да го казни Би Би Си поради создавање негативна перцепција за Русија, оцени денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува ТАСС.
На својот профил на Фејсбук, таа опиша како Би Би Си известува за Русија, користејќи специјален вокабулар, конструкции на реченици и предизвикува емоции со намера да создаде негативна перцепција за сè што има врска со Русија.
„Кога регулаторното тело за медиуми во Велика Британија, кое може со леснотија да изрекува казни и да се заканува со казни на руски медиуми за наводно небалансирано известување, ќе ги примени истите критериуми за Би Би Си“, праша Захарова.