Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изрази загриженост дека Западот секогаш бара излез од економската криза преку агресија и војни.

Захарова изјави дека Западот секогаш бара излез од економската криза преку војни и уништување и дека е загрижена што аналитичарите предвидуваат дека економската ситуација нема да се подобри до 2030 година, туку дури и да се влоши.

Таа посочи дека Русија, за разлика од Западот, економските кризи ги решава на интензивен начин со надминување на тешкотиите и со мобилизирање на внатрешните резерви.

Захарова изјави дека Западот создава економски тешкотии за Русија и дека како одговор Русија го нагласува напредокот на областите кои дотогаш не биле развиени.

-Почнуваме да бараме нови партнерства и работни места кои ни се корисни, рече Захарова