Закани по животот на децата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се упатуваат преку социјалните мрежи.
Имено на социјалната мрежа Фејсбук се упатуваат јавни закани кон семејството на Мицкоски каде се наведува дека доколку му е мило семејството да си остане мирен.
„Во спротивно ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучиња“, се наведува во постот.
Постот е споделен од два различни профили и е јавно видлив за сите.
Дали по ова ќе следува соодветна пријава од страна на Министерството за внатрешни работи останува да видиме.
Исто така ниту невладините организации блиски до владата никаде ги нема и истите молчат за овој случај.
Инаку доколку детално се прочешла неговиот Фејсбук профил ќе се види дека тој е голем поддржувач на премиерот Димитар Ковачевски како и на власта.
Постојано ги споделува неговиот постови на Фејсбук, а во меѓувреме упатува закани по животот на децата на лидерот на најголемата партија во земјава.