Десетици белгиски училишта во окрузите Брисел и Брабант денеска нема да отворат за ученици поради закана за бомба испратена доцна синоќа, соопшти образовната управа на Валонија-Брисел на својата веб-страница.

Властите одлучија да останат затворени 27 училишта, „строго почитувајќи го принципот на претпазливост“.

Во моментов се спроведува инспекциа од полиција. Дополнителни информации се очекуваат во текот на денешниот ден.

фото: архива