Речиси 400 места останаа без струја во Украина поради екстремно тешките временски услови, соопшти синоќа претседателот Володимир Зеленски, додека украинската електрична инфраструктура е под закана од руските бомбардирања.

Украина стравува од нова голема кампања на руски напади врз основната инфраструктура оваа зима, како и во 2022 година, кога тие напади оставија милиони луѓе на студ и во темнина.

Голем дел од територијата на нашата земја е зафатена од исклучително тешки временски услови“, рече Зеленски во своето веќерно обраќање.

Според него, без струја останале околу 400 места во десет области, особено на југот на земјата.

Тој вети дека инженерите што поскоро ќе го вратат напојувањето со електрична енергија, а температурите се зимски, а на места има и виулица.

Од четвртокот националниот оператор Укренерго информираше дека ситуацијата е „тешка“ за електричната мрежа поради зголемувањето на потрошувачката со падот на температурата. Затоа Укренерго во средата мораше да прибегне кон итен увоз на електрична енергија од три соседни земји на ЕУ – Романија, Словачка и Полска.

А во саботата главниот град на Украина беше цел на најголемиот напад на руски беспилотни летала од почетокот на војната, а во ударите привремено без струја останаа десетици станбени згради. Воздушниот напад би можел да биде прв во новата руска кампања.

На почетокот на октомври, Зеленски рече дека Русија ќе се обиде да го „уништи“ електричниот систем на неговата земја оваа зима. За да се спротивстави на оваа закана, Киев бара од своите западни сојузници нови системи за противвоздушна одбрана.

фото: ДПА