Роберт Вретоски, кој на социјалните мрежи објавува слики од настани на СДСМ, вечерва му упати закани на кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, доколку не ја повлече кандидатурата, пишува скопски Нетпрес.
а.
-Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност, па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ќе го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче, пишува профилот со име Вретоски, кој за политички цели ја користи семејната трагедија на докторот Борче Јовчески.
Министерството на Спасовски е посебно сензитивно кога се шират закани и на говор на омраза на социјалните мрежи, но овој политички ангажиран профил и по три часа од објавата не е блокоран, а против лицето не е поднесена кривична пријава.
За ширење говор на омраза и закани предвидена е кривична одговорност.
-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk, се фалеше МВР во слична ситуација.