Поради тешкиот и долг развод што траел 11 години, Австралиец се заколнал дека нема повторно да се жени.

Сепак, тој сега има 37 години помлада невеста.

Се работи за Стив Зелински (67) и британската фитнес-инструкторка Емили Черман. Тие живеат на село во Западна Австралија, а во врска се веќе осум години, по разводот што претходно го чинел 1,2 милиони долари.

– Имав скоро 60 години. Мислев дека нема да биде заинтересрана, но се спријателивме, а потоа дојде и врската, изјави Зелински, инаку пензиониран инвеститор и татко на две деца.

Тој е убеден дека Емили не е со него поради парите и дека е навистина добра личност со солидни семејни вредности.

– Последниот развод ми ги испразни џебовите, фала им на адвокатите, па таа и не може да биде со мене поради парите, нагласи тој.

Инаку, Емили на Твитер постојано ја истакнува својата фитнес-форма на телото во бикини и долна облека.