Данскиот фудбалер Ники Биле Нилсен е убиен во Копенхаген од залутан куршум од огнено оружје, пренесува „Екстра Бладет“.
Поради убиството на 30-годишниот фудбалер, кој до неодамна настапувал за данскиот Лингби, уапсени се две лица.
Биле Нилсен во својата богата интернационална кариера ги носел и дресовите на екипите на Виљареал, Елче, Рајо Валекано, Росенбирг, Евијан, Лех, Панионис, пред во октомври годинава да биде отпуштен од Лингби поради прекршување на законот и апсење.
За репрезентацијата на Данска, Биле Нилсен има одиграно три средби на кои постигнал еден гол.