Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс не беше во составот на дуелот со Сакраменто одигран ноќеска, а според најавите од САД, тој може да пропушти уште неколку натпревари.

Тренерот на тимот сака Џејмс целосно да закрепне од повредата на препоните пред повторно да се врати на теренот.

Без Џејмс во тимот, ноќеска Лејкерси изгубија од Сакраменто со 117:116.