Данскиот фудбалер Ники Биле Нилсен е убиен во Копенхаген од залутан куршум од огнено оружје, пренесува „Екстра Бладет“.

Поради убиството на 30-годишниот фудбалер, кој до неодамна настапувал  за данскиот Лингби, уапсени се две лица.

Биле Нилсен во својата богата интернационална кариера ги носел и дресовите на  екипите на Виљареал, Елче, Рајо Валекано, Росенбирг, Евијан, Лех, Панионис,  пред во октомври годинава да биде отпуштен од Лингби поради прекршување на законот и апсење.

За репрезентацијата на Данска, Биле Нилсен има одиграно три средби на кои постигнал еден гол.