Во денешната сообраќајна незгода кај Градската болница учествуваше заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и за тоа на својот Фејбук профил напиша дека ќе сноси одговорност, доколку се утврди негова вина.
– Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност, напиша Лазовски на Фејбук.
Сообраќајната незгода се случи денеска меѓу патничко возило и моторциклист. Повредениот моторциклист беше пренесен во Градската болница, а на местото на незгодата увид изврши полицијата.