Од денеска е избришано уставното име Република Македонија и од последната државна институција – Претседател на Република Македонија.

Се менуваат таблите во Вилата Водно, по изборот на Стево Пендаровски за претседател на државата.

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, и покрај промената на уставното името, одбиваше да ги промени таблите кога во Македонија масовно се менуваа истите на многу институции и објекти.

Сега преку името Република Македонија е ставена налепница на која стои Република Северна Македонија, на три јазика.