Заменик народниот правобранител Трифуновска на митинг на СДСМ во Тетово

/ 04.10.2021

СДСМ вчера одржа митинг во Тетово, а на истиот се појави и заменик народниот правобранител.

Станува збор за заменикот народен правобранител Соња Трифуновска која беше избрана во Собранието од 63 пратеника во јануари минатата година, објави скопски Курир. 

Таа на митингот се појавила со нејзините две малолетни деца, а истите се фотографирале и со премиерот Зоран Заев.

Инаку член 8 од Законот за народен правобранител вели дека:

„Функцијата народен правобранител е неспојлива со вршење на друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија“.


Од истата категорија