Додека македонската јавност е во исчекување дали лидерот на ДУИ Ахмети може да биде обвинет за воени злосторства, потпретседателот на Демократската партија на Албанија, Еди Палока, бранејќи го лидерот на партијата, Љулзим Баша, го спомена првиот вицепремиер во македонската влада Артан Груби како човек кој вршел преводи во озлогласената куќа на североисток од Албанија каде се ваделе органи на заробеници од Косово, пренесува порталот Курир.
„За Еди Рама и сите ваши платеници, подолу се сите одговори што ги криете и нема да ги слушнете:
Дека вие и руското Министерство за надворешни работи сте единствените кои се уште зборуваат за Жолтата куќа. Од снимката што вашиот сведок ја даде на Би-Би-Си во присуство на Даш Пеза не е Љуљзим Баша.
Дека преведувач во Жолтата куќа бил Артан Груби, а не Љуљзим Баша.
Дека Љуљзим Баша, како што изјави обвинителот на ЕУЛЕКС, НИКОГАШ не бил дел од каква било истрага против ОВК.
Дека, како што изјави и вашиот пријател Батон Хаџиу во „Мислење“, тврдењето дека Љуљзим Баша бил присутен во апсењата на командантите на ОВК е лага, изјавил Палока на прес конференција во Тирана на која на Еди Рама му порача дека направил многу штета на Косово, и направил многу валкана работа за војната на ОВК за да ги скрие своите неуспеси.
„Доаѓа денот да дадеме отчет за сите ваши неуспеси и угнетувања на сметка на Албанците!“, изјави Палока.
Според медиумските извештаи претежно од Србија кои се повикуваа на сведоци и меѓународни организации во таканаречената Жолта куќа таму се се случувале активности против хуманоста, а според дел од извештаите се ваделе органи од живи српски и други затвореници.
За ова злосторство против човештвото прв пат проговори екс хашката обвинителка Карла Дел Понте во своја книга во 2008 година а случајот освен српското обвинителство го истражуваше и специјалниот истражувач на Советот на Европа, Дик Марти.
На крајта, меѓутоа, се остана само на зборување, а за случајот не е поведен ниту еден процес.
(обраќањето на Палока го имате на овој линк)