Француската актерка со данско потекло, Ана Карина, најпозната по своите улоги во филмите на легендарниот режисер Жан-Лук Годар, почина на 79-годишна возраст од канцер, пренесоа француските медиуми.
Во текот на 60-те години на минатиот век актерката со бледо лице и големи сино-сиви очи сними седум филма на Годар, во тоа време и нејзин животен партнер.
Карина е позната со своите улоги во филмовите „Жената си е жена„, „Клео од 5 до 7″, „Да го живееш својот живот”, „Алфавил”, „Кинески рулет”.
Освен како актерка, Ана Карина се појавуваше и како пејачка, и тоа во заеднички настапи со Серж Гинсбург.