По долго и тешко боледување почина Мирослав Ќиро Блажевиќ, фудбалскиот тренер над сите тренери.
Ќиро почина на 87 годишна возраст, два дена пред неговиот роденден.
Повеќе години се бореше со карцином на простата, а во последната негова изјава дадена пред само неколку дена, истакна дека целиот организам му е зафатен од болеста.
Зад себе ја остави сопругата Зденка со која има три деца, ќерките Барбара и Катарина и синот Мирослав.
Ќе остане запаметен како фудбалска легенда, тренер над сите тренери.