Претставници на земјите од Западен Балкан се обврзале да овозможат вработување на повеќе жени на подобро платени позиции, кои бараат повеќе квалификации, изјави регионалната директорка на Светска банка, Линда Ван Гелдер.
Светска банка соопшти дека Гелдер на собирот „Ослободување на потенцијалите за економски раст на Западен Балкан преку унапредување на правичност и родова рамноправност“ истакнала дека „зголемената можност за жените од Западен Балкан е од клучно значење за поголем развој и членство во ЕУ“.
Проценките покажуваат дека околу 18 отсто од регионалниот бруто домашен производ се загубени поради „родовиот јаз“ на пазарот на труд, се наведува во соопштението.
Жените од Западен Балкан, иако се подобро образувани отколку во минатото, не учествуваат еднакво со мажите на пазарот на труд, а кога учествуваат, тогаш веројатно се вработуваат на слабо платени, нискоквалификувани работни места, предупредиле на собирот во Виена